• недела, 21 јули 2024

Велешките ученици со изложба и даваат шанса на стрип инклузијата

Велешките ученици со изложба и даваат шанса на стрип инклузијата

Велес,11 јуни 2024 (МИА) - Стрип центарот на Македонија вчера во ООУ „Васил Главинов“ во Велес организира втора изложба која е дел од циклусот циклус од пет изложби, како дел од грантот „All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ .Овој грант е дел од вториот  отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.,информира денеска Томе Трајков од СЦМ-Велес.

Тој потенцира дека со овој проект и даваат шанса на инклузијата. Информира дека на изложбата се претставиле   најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема. Доделени се и дипломи за награди, сертификати за учество на учениците, нивните ментори и училиштата од Велес: ООУ „  Васил Главинов“ ООУ „Блаже Конески“ и ООУ„Свети Кирил и Методиј“. Традиционално, промовиран е и пригодниот  каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори.

На  наградниот конкурс  се јавиле 263 млади автори од земјава. Дел од учесниците на овој конкурс учествуваа и на неколкудневна стрип работилница во с. Нежилово, Велешко каде што ги усовршија и доработија  своите стрип дела.ад/са/

Фото: Стрип центар на Македонија

 

 

Остани поврзан