• петок, 05 декември 2025

Ваљбон Лимани ќе биде кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори

Ваљбон Лимани ќе биде кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори

Гостивар, 17 ноември 2025 (МИА) - Актуелниот вршител на должноста градоначалник на Општина Гостивар и кандидат на последните локални избори, Ваљбон Лимани повторно ќе се кандидира. Ова го потврди Лимани на настан во Гостивар одговарајќи на новинарско прашање по распишувањето на повторените локални избори во четирите општини.

– Ние побаравме повторените избори за општините каде што немаше цензус да се одржат во декември и како краен датум да биде 28 декември. Но, во Државната изборна комисија го сметаат датумот кога завршува целиот изборен процес и согласно на тоа го одреди 11 јануари. Нема друго, роковите од денес почнаа да течат, а ние почнуваме со подготовки. Граѓаните на тој ќе го кажат својот збор. Јас повторно ќе бидам кандидат, рече Лимани.

Тој посочи дека од изборниот штаб имале забелешка на толкувањето околу терминот и нагласи дека очекувале терминот да биде според објавувањето на конечните резултати во четирите општини каде што немаше доволна излезност, односно 29 октомври.

Лимани беше кандидат на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) и освои 61,39 отсто, односно 16.949 гласови и не победи во првиот круг, бидејќи му недостигаа 22 гласа за да се исполни цензусот. згм/фф/

Фото: МИА

 

Остани поврзан