„Вајмар+“: Украина и Европа мора да бидат дел од какви било мировни преговори
- Безбедноста на европскиот континент е наша заедничка одговорност и затоа работиме заедно на зајакнување на нашите колективни одбранбени потенцијали и подготвени сме да ја зголемиме поддршката за Украина, се наведува во соопштението на групата „Вајмар+“, што ја сочинуваат високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Германија, Полска, Франција и Шпанија.

Брисел, 13 февруари 2025 (МИА) - Безбедноста на европскиот континент е наша заедничка одговорност и затоа работиме заедно на зајакнување на нашите колективни одбранбени потенцијали и подготвени сме да ја зголемиме поддршката за Украина, се наведува во соопштението на групата „Вајмар+“, што ја сочинуваат високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Германија, Полска, Франција и Шпанија.
- Украина и Европа мора да бидат дел од какви било преговори. На Украина треба да и се обезбедат силни безбедносни гаранции. Праведен и траен мир во Украина е неопходен услов за силна трансатлантска безбедност, се наведува во соопштението.
Членките на групата „Вајмар+“ ја нагласуваат својата посветеност на зачувување на независноста, суверенитетот и територијален интегритет на Украина, која е соочена со руската агресивна војна, и ја потенцираат потребата за зајакнување на позициите на Киев.
- Ја споделуваме целта да продолжиме да ја поддржуваме Украина, се додека не се постигне праведен, сеопфатен и траен мир. Мир кој ги гарантира украинските и нашите интереси. Со нетрпение очекуваме да разговараме за напредокот на тој пат со нашите американски сојузници, се додава во соопштението на Групата „Вајмар+“. сп/
Фото: ЕПА