• недела, 22 декември 2024

Вархеји се сретна со Турк, разговараше за соработката во Западен Балкан

Вархеји се сретна со Турк, разговараше за соработката во Западен Балкан

Брисел, 19 јули 2023 (МИА) - Еврокомесарот за проширување и соседство Оливер Вархеји денеска имаше средба со новиот висок комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, со кого разговараше за соработката на Западен Балкан.

„Добра прва средба со Волкер Турк, новиот висок комесар за човекови права на ОН, за да разговараме за нашата соработка низ Западен Балкан и непосредното соседство на ЕУ“, напиша Вархеји на својот Твитер профил.

Претходно денеска Турк се сретна и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, со кого разговараше за проблемите со човековите права во светот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан