• петок, 03 мај 2024

Ванковска на трибина „Жени во политиката“

Ванковска на трибина „Жени во политиката“

Скопје, 9 март 2024

По повод годишнината од формирањето на Антифашистичкиот фронт на жените на Левица (АФЖ-Л) во чест на Денот на жената, 8 Март, се одржа трибина на тема „Жени во политиката“.

На настанот, свои поздравни обраќања  имаа првата кандидатка на Левица за претседател на Р. Македонија, професорката Билјана Ванковска, и претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев.

Пред присутните се обрати и раководителката на АФЖ-Л, Весна Кираџиева, која заедно со проектниот тим, на трибината ги презентираше резултатите од спроведеното истражување во врска со аспектите на вклученост на жените во политиката и нивните размислувања.

Со оглед на тоа дека 8.3.2024 е денот кога и официјално завршува собирањето на потписи за претседателски кандидати, со оваа интерактивна свеченост се заокружи и овој дел од процесот.

Настанот се реализираше под слоганот „Борбата пак се раѓа“, а беше во организација на АФЖ-Л.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Левица


 

Остани поврзан