• понеделник, 13 мај 2024

„Валентино“ со специјален дуксер повикува на вакцинација

„Валентино“ со специјален дуксер повикува на вакцинација
Рим, 23 септември 2021 (МИА) - Луксузната модна куќа „Валентино“ претстави специјален дизајн на дуксер со кој повикува на вакцинација, со нивното лого - буквата „V“ и натпис „вакцинирани“ со црвени букви. Ова парче облека чини 690 долари, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за УНИЦЕФ. Идејата потекна од социјалните мрежи, а меѓу првите поддржувачи на оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, пејачката Лејди Гага и други. Средствата ќе ја поткрепат и програмата „Ковакс“ на Светската здравствена организација, чија цел е да достави вакцини во земји каде што тие сѐ уште не се широко достапни.  си/паг/

Остани поврзан