Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз
- Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели
Ниамеј, 18 нај 2024 (МИА) – Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.
Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.
- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.
Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. ми/
фото: Википедија