• четврток, 11 јули 2024

Бугарија: ПП-ДБ треба да го добие вториот мандат за формирање влада

Бугарија: ПП-ДБ треба да го добие вториот мандат за формирање влада

Софија, 11 јули 2024 (МИА) – Пратеничката група на Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) ќе го добие вториот мандат за формирање влада, откако на Движењето за права и слободи (ДПС) денеска исклучи 17 пратеници од својот состав.

Со тоа ДПС од прва стана четврта парламентарна група по бројност во Парламентот.

Согласно Уставот, претседателот на Бугарија треба да го додели вториот мандат за формирање влада на кандидат за премиер именуван од втората по големина пратеничка група. Втората по големина група во Националното собрание со 39 пратеници е ПП-ДБ.

Исклучените пратеници од ДПС минатата недела објавија отворено писмо во кое се изјаснија дека се за „единство и заедништво“ на партијата под раководство на почесниот претседател Ахмед Доган. Тој вчера побара оставка од Дељан Пеевски и уште петмина членови на раководството на ДПС. ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан