• петок, 12 јули 2024

Локализиран пожарот што ја зафати кулата на готската катедрала во францускиот град Руан

Локализиран пожарот што ја зафати кулата на готската катедрала во францускиот град Руан

Руан, 11 јули 2024 (МИА) - Големиот пожар што денеска избувна во кулата на готската катедрала во францускиот град Руан е локализиран, а повредени нема, соопшти кацеларијата на градоначалникот.

Во соопштението се наведува дека засега не е позната причината за пожарот, пренесе БФМТВ.

Пожарот најпрво избувнал на платформата за реконструкција на кулата, на висина од околу 120 метри, јавуваат француските медиуми. рп/

Фото: Икс

Остани поврзан