• понеделник, 24 март 2025

Бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа надмина 50.000

Бројот на загинати Палестинци од почетокот на војната во Газа надмина 50.000

Газа, 23 март 2025 (МИА) - Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во израелските напади во последните 24 часа загинале 41 лице, а 61 се повредени.

Според соопштението, со овие жртви, од почетокот на војната пред 17 месеци се убиени вкупно 50.021 Палестинци, а 113.274 се ранети, објави Ал Џезира.

Се додава дека голем број жртви во последниот напад сè уште се заробени под урнатините. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан