Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26
- Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26, вклучувајќи три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Киев, 1 август 2025 (МИА) - Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26, вклучувајќи три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Бројот на жртви е ревидиран откако „спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм.
Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз украинската престолнина со ракети и дронови. Поради бројот на жртви, во Киев за денеска е прогласен ден на жалост, објавија украинските медиуми. мс/
фото: ЕПА архива