• понеделник, 15 јули 2024

Британскиот крал Чарлс му испрати порака на Трамп по нападот

Британскиот крал Чарлс му испрати порака на Трамп по нападот

Лондон, 15 јули 2024 (МИА) – Британскиот крал Чарлс Трети му пиша приватно на Доналд Трамп откако поранешниот американски претседател преживеа обид за атентат, соопшти Бакингемската палата.

Како што пренесе ДПА, пораката на Чарлс била во согласност со разговорот на британскиот премиер Кир Стармер со Трамп, во кој тој го осудил насилството, изразил сочувство за жртвите и нивните семејства и им посакал брзо закрепнување на поранешниот претседател и на повредените.

Пораката на кралот била пренесена вчера, преку британската амбасада во Вашингтон.

Бакингемската палата соопшти дека содржината на преписката ќе остане приватна.

Во 2019 година, Чарлс, тогаш принц од Велс, ги угости Трамп и неговата сопруга Меланија на попладневен чај во Кларенс Хаус за време на самитот на НАТО во Лондон.

Трамп, исто така, беше дочекан со државен банкет, организиран од покојната кралица Елизабета, за време на државната посета на Велика Британија претходно истата година. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан