• четврток, 02 мај 2024

Британската армија се соочува со недостиг од речиси 20 милијарди евра

Британската армија се соочува со недостиг од речиси 20 милијарди евра

Лондон, 4 декември 2023 (МИА) - Британската војска се соочува со недостиг од речиси 17 милијарди фунти (19,8 милијарди евра) за финансирање на програмата за купување нова воена опрема планирана за периодот до 2033 година, предупреди британскиот национален ревизор во денешниот извештај.

Програмата за купување опрема од 305,5 милијарди фунти (356,2 милијарди евра) 2023-2033 година е „премногу скапа, со очекуваните трошоци да го надминат нејзиниот сегашен буџет за 16,9 милијарди фунти“, се вели во заклучоците од извештајот на Националната ревизорска канцеларија.

Оваа „црна дупка“ може да се објасни со инфлацијата, но првенствено се должи на зголемените трошоци за нуклеарни и поморски програми поради одлуката на Министерството за одбрана да даде приоритет на замена на средствата за нуклеарно одвраќање, рече НСП.

Во своето последно ажурирање на одбранбената стратегија, објавено во март минатата година, конзервативната влада на Риши Сунак рече дека планира да ги зголеми воените трошоци на земјата за пет милијарди фунти во текот на две години.

Сепак, Министерството за одбрана му порача на Националниот ревизор дека во оваа фаза нема намера да укине ниту еден проект на краток рок.

-Иако е разбирлива, оваа стратегија ризикува да биде непрофитабилна доколку тековните програми подоцна бидат откажани, намалени или одложени бидејќи се премногу скапи, рече директорот на НСП, Герет Дејвис.

Според опозицискиот пратеник Џон Хили, задолжен за прашањата на одбраната, со оглед на војната во Европа и конфликтот на Блискиот Исток, „ова ризикува да ги остави нивните вооружени сили без опрема и работна сила потребни за исполнување на обврските како членка на НАТО“.

Портпаролот на Министертсвото за одбрана ја повтори посветеноста на владата да го зголеми буџетот за одбрана на 2,5 отсто од БДП (од сегашните 2,1 отсто) „штом дозволат економските и буџетските услови“. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан