Браун: Претпоставувам дека Верстапен ќе остане во Ред Бул
- Шефот на Мекларен, Зак Браун, успеа да одбие неколку напади на Ред Бул на почетокот од викендот за Големата награда на Мајами и самиот им зададе неколку спектакуларни удари на поранешните светски шампиони
Мајами, 4 мај 2025 (МИА) - Шефот на Мекларен, Зак Браун пред почетокот од викендот за Големата награда на Мајами потврди дека зборувал со шефовите на Ред Бул за иднината на светскиот шампион Макс Верстапен, со цел да биде запознаен со статусот на Макс и какво би можело да биде неговото влијание врз пазарот на возачи во блиска иднина.
-Ако ме прашате сега за иднината на Макс Верстапен и со оглед на моменталната ситуација, би рекол дека Макс ќе остане во Ред Бул, и нема да оди во Мерцедес. Што се однесува до 2026 година и новите правила, гледам голема доверба од Мерцедес во развојот на нивната погонска единица, истакна шефот.
Браун, исто така, коментираше за поддршката на Ред Бул за можни измени во правилата за погонските единици, кои сè уште не стапиле во сила. Како што можеше да се очекува, тој застана на страната на Мерцедес.
-Во последно време има многу луѓе кои зборуваат за промена на правилата за моторот. Но, ако мислите дека сте конкурентни и добро подготвени, тогаш не би сакале да се прават промени во последен момент, објасни Браун. дс
Фото: Принтскрин