• петок, 22 ноември 2024

Боксер од САД си го промени името во чест на Владимир Путин

Боксер од САД си го промени името во чест на Владимир Путин

Лос Анџелес, 9 август 2023 (МИА) - Поранешниот претендент за светска титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Американецот Кевин Кингпин Џонсон го промени своето презиме во Владимирович, во чест на рускиот претседател Владимир Путин.

- Во чест до претседателот Владимир Путин, решив да го сменам моето име. Сега ќе ме викаат Кевин Владимирович - во чест на Владимир Путин. Не се шегувам, 100 отсто Русин, изјави Џонсон во интервју за весникот „Известија“.

На 18 август боксерот на турнирот во Москва ќе ги одмери силите со светскиот шампион од 2021 година, Русинот Марк Петровски.

Џонсон во април рече дека сака да живее во Русија. Како што истакна, тој со години доаѓа во Руската Федерација и, патувајќи низ земјата, пoсeтил голем број градови и села, па сфатил дека „му се допаѓа руското отворено пространство“. Според спортистот, Русија има и подобра храна без ГМО од САД.  си/

Фото:Принтскрин

Остани поврзан