• петок, 29 март 2024

Блумберг: Турција би можела во март да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО

Блумберг: Турција би можела во март да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО

Вашингтон, 3 февруари 2023 (МИА) – Турција е блиску до одлука да го одобри приемот на Финска во НАТО следниот месец, додека статусот на шведската апликација за членство во Алијансата останува неизвесен, јави Блумберг повикувајќи се на неименувани извори.

„Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган е блиску до одлуката за одобрување на членството на Финска во НАТО … согласноста од Анкара за пристапување на Финска во НАТО треба да се очекува во средината на март“, наведува Блумберг.

- Се осврнавме на прашањата што Анкара ги смета за вознемирувачки. Очекуваме Турција и Унгарија да го ратификуваат нашето членство во НАТО што е можно поскоро, изјави претходно премиерката на Финска, Сана Марин.

Таа додаде дека „важно е да се испрати јасна порака – Финска и Шведска заедно се пријавија заедно, и во интерес на сите е да се приклучат“.

Но, статусот на Шведска останува неизвесен, пред се поради влошените односи меѓу таа Стокхолм и Анкара. ми/

Остани поврзан