• сабота, 21 декември 2024

Блинкен ги предупреди американските државјани веднаш да ја напуштат Русија

Блинкен ги предупреди американските државјани веднаш да ја напуштат Русија

Вашингтон, 31 март 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги повика американските граѓани веднаш да ја напуштат Русија.

Предупредувањето се однесува на американски државјани кои престојуваат или планираат да патуваат во Русија.

„Длабоко сме загрижени поради руската објава дека американски новинар е уапсен. Највисок приоритет на Стејт департментот е безбедноста на граѓаните во странство“, напиша Блинкен на својот профил на Твитер.

Руската служба за безбедност (ФСБ) го приведе Еван Гершкович, новинар на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ (Wall Street Journal), под обвинение за шпионажа.

Според ФСБ, Гершкович „по инструкции на американската страна, собирал информации што се третираат за државна тајна за активностите на едно од претпријатијата на рускиот воено-индустриски комплекс“.

На новинарот, кој е уапсен во уралскиот град Екатеринбург, му се заканува казна до 20 години затвор. сд/

Остани поврзан