• вторник, 27 февруари 2024

Блинкен: Воената помош за Украина ќе создава раст и работни места во САД

Блинкен: Воената помош за Украина ќе создава раст и работни места во САД

Вашингтон, 8 декември 2023 (МИА) - Соочени со големиот политички отпор за понатамошна помош за Украина, американската влада сега користи економски аргументи за кампања за понатамошна поддршка за Киев, јавува денеска германската новинска агенција ДПА.

По вчерашниот состанок со неговиот британски колега Дејвид Камерон во Вашингтон во американскиот државен секретар Антони Блинкен рече: Ако ги погледнете инвестициите што ги направивме во одбраната на Украина за да се справиме со оваа агресија, 90 отсто од безбедносната помош што ја обезбедивме всушност е потрошена овде, во САД, со нашите производители.

Блинкен нагласи дека ова „создаде повеќе американски работни места, поголем раст во нашата сопствена економија“.

- Ова е во прилог на важноста на поддршката за Киев за глобалната политика и националната безбедност на САД, додаде Блинкен.

САД се најважниот воен поддржувач на Украина во одбраната од руската инвазија. Од почетокот на војната во февруари 2022 година, САД обезбедија милијарди долари воена помош за Киев. Сепак, ослободувањето на поголема помош е блокирано од внатрешнополитичкиот спор меѓу демократите и републиканците во Конгресот.

Многу републиканци изразуваат сомнеж за поддршката за Украина или целосно ја одбиваат. ссм/

фото: архива

Остани поврзан