• понеделник, 23 декември 2024

Битиќи: Избравме соодветен, праведен и правичен модел за да му помогнеме на туристичко-угостителскиот сектор

Битиќи: Избравме соодветен, праведен и правичен модел за да му помогнеме на туристичко-угостителскиот сектор
Скопје, 27 април 2021 (МИА) - Од 17,8 милиони евра, колку што тежи шестиот пакет на економски мерки, само за угостителството се предвидени 9,9 милиони евра и сметаме дека тоа е соодветен, праведен и правичен модел кој го избравме за да му помогнеме на туристичко угостителскиот сектор, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. - Моделот го засноваме на тоа што сите сме посеале. Ако во 2019 и 2020 година компаниите уживаа во неформалната економија, а денеска бараат помош од државата, за жал не можеме да одговориме. Но, сите кои соодветно постапувале и оперирале ќе добијат соодветна помош според моделот кој  го креиравме – компензација на дел од приходите и компензација на дел од плата за секој вработен, рече Битиќи во одговор на прашање по пуштањето во употреба на фабриката на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик. Тој нагласи дека и досега се среќавал со претставници на Туристичко-угостителската комора, а и пак ќе се види со нив за да разговара. - Мораме да сфатиме дека и во период на криза треба да се обидеме да креираме систем кој е одржлив и кој ќе даде дополнителни позитивни ефекти на среден рок. Сметам дека овој модел еднаш за секогаш ќе ги исфилтрира тие кои заслужуваат да добијат помош, а  за тие што помалку заслужуваат се надевам дека ќе ги опфатиме со другите тековни програми со кои работиме на сузбивање на сивата економија, на зголемување на вработливоста, рече Битиќи. Вицепремиерот нагласи дека во развојот и креирањето на политиките има два пристапа од кои првиот е, како што рече, една капа за сите, а вториот е скроена капа за различни. - Ние креираме скроени модели и политики за одредените категории на угостители, прецизира Битиќи. вј/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан