Ангелов го испрати воздухопловниот тим на хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка
- Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“.

Скопје, 4 август 2025 (МИА) - Од нашата земја денеска заминува седумчлениот воздухопловен тим од Република Чешка, кој помогна во справувањето со огнените стихии со нивниот хеликоптер „Блек Хок“.
Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), од име на македонската Влада и македонските граѓани директорот на ДЗС и раководител на Главниот штаб за управување со кризи Стојанче Ангелов им се заблагодари за нивниот особен придонес и за помошта за гаснење на пожарите на отворено.
Ангелов на членовите на воздухопловен тим им доделил благодарници. мд/дма/
Фото: ДЗС