• петок, 22 ноември 2024

Битиќи: „Европскиот фронт“ е отворен не само за политичките партии, туку и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од ЕУ

Битиќи: „Европскиот фронт“ е отворен не само за политичките партии, туку и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од ЕУ

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Вицепремиер за европски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека „Европскиот фронт“ е отворен не само за политичките партии, туку и за сите граѓани кои го бираат патот кон Европската унија. 

-Европскиот фронт ќе важи и ќе живее до денот на целосната европска интеграција на нашата земја. И не само кон одредени политички партии, отворен е и за сите граѓани кои го избираат патот кон Европската унија, рече Битиќи по панел-дискусијата „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија“ во рамки на кампањата „Европска иднина, поблиску од кога било“. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан