• понеделник, 18 ноември 2024

Билстром: Се надевам дека Турција ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО следниот месец

Билстром: Се надевам дека Турција ќе ја ратификува кандидатурата на Шведска за членство во НАТО следниот месец

Стокхолм, 1 септември 2023 (МИА) - Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска изјави дека и понатаму се надева оти Турција ќе ја ратификува кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО следниот месец кога ќе се состане турскиот Парламент на седница, како што беше договорено со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Самитот на Алијансата во јули, пренесоа британските медиуми.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, а повеќето членки на Алијансата брзо ја ратификуваа нејзината апликација. Сепак, Турција сè уште не го сторила тоа, наведувајќи ја својата загриженост за безбедносната соработка.

По неколкумесечни притисоци, претседателот Ердоган по самитот на НАТО во Вилнус во јули рече дека ќе ја предаде ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО на турскиот Парламент во октомври, кога тој повторно ќе се состане по летниот одмор. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан