• петок, 14 јуни 2024

Беџети за најавените измени на Законот за локална самоуправа: Откако ќе го добиеме предлогот, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе

Беџети за најавените измени на Законот за локална самоуправа: Откако ќе го добиеме предлогот, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе

Скопје, 13 јуни 2024 (МИА) - Се уште немаме предлог законско решение, откако ќе го добиеме, „Европскиот фронт“ ќе се произнесе кои се нашите ставови, изјави координаторот пратеничката група на „Европскиот фронт“ во Собранието, Блерим Беџети, прашан кој е ставот на ДУИ за најавените измени на Законот за локална самоуправа од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, со што би се избегнале предвремени локални избори. 

Прашан како градоначалник, дали е финансиски оправдано вакво решение, Беџети рече, дека не сака да прејудицира нешто и дека ќе коментира откако ќе го добие предлог Законот. 

- Ако го достават, тогаш ние ќе се произнесеме. Да не прејудицирам сега, кое би било. Тука не сум како експерт, туку во својство на координатор на „Европскиот фронт“ и нормално откако ќе добиеме предлог закон ние ќе се произнесеме и за ова прашање, изјави Беџети.  

Во однос на тоа, дали е прифатливо да има избори во Сарај, Беџети кратко посочи „ние никогаш не сме избегале од избори, секогаш сме биле спремни“. аа/ац/

Фото: МИА

 

Остани поврзан