• петок, 26 април 2024

Бесплатна работилница за фотографија за деца „Халки фотоавантура“

Бесплатна работилница за фотографија за деца „Халки фотоавантура“

Скопје, 30 август 2023 (МИА) - Во Музејот на град Скопје денеска ќе се одржи бесплатна работилница за фотографија „Халки фотоавантура“ наменета за деца од 8 до 14 години.

Ова е претпоследната од едукативните работилници што летово беа организирани во рамките на иницијативата „Халки шарено лето“ поддржана од Халкбанк АД Скопје.

На работилницата „Халки фотоавантура“ учесниците ќе можат да дознаат повеќе за фотографијата и да ги направат своите први фотографии со помош на фотографка, а заедно ќе создадат креативна Халки фотогалерија. На оваа работилница децата треба да ги понесат своите мобилни телефони, затоа што со нивна помош ќе учат како се прават „суперкул“ фотографии.

Ова е петта од редицата креативни работилници што летово се организирани обединети под „Халки шарено лето“. Последната работилница беше посветена на изработката на мозаици, кога децата со помош на природни материјали – лисја, зрна, песок и друго создаваа уметнички дела.

-Низ тимска работа децата учеа за повторна употреба на материјалите, важноста на рециклирањето, но и да се почитуваат меѓусебно. Дечињата беа љубопитни и вредни, си помагаа меѓу себе и ја развиваа нивната креативност. Организирајќи ги овие работилници во изминатите неколку недели, сфативме колку всушност на децата им треба само малку поттик за да бидат вистински уметници и дека работењето во група заедно со свои врсници и под менторство на искусни уметници-ментори, кај нив се раѓаа прекрасни дела, соопштија од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“, кои ги спроведуваат работилниците во организација на Халкбанк АД Скопје. бт/вг/

Остани поврзан