• понеделник, 13 мај 2024

Белингем постави клупски рекорд во Лигата на шампионите

Белингем постави клупски рекорд во Лигата на шампионите

Мадрид, 30 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, синоќа постигна гол на натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Наполи и постави клупски рекорд.

Дваесетгодишниот Англичанец стана првиот играч во историјата на Реал Мадрид кој постигнал гол на секој од неговите први четири натпревари во Лигата на шампионите.

Белингем стана и првиот Англичанец во историјата кој постигнал 10 гола на едно големо европско натпреварување пред својот 21 роденден, а четврти во историјата зад Ерлин Халанд (20), Килијан Мбапе (19) и Карим Бензема (12). 

Реал Мадрид го победи Наполи со 4:2 и со максимални 15 бодови е лидер во Ц-групата од Лигата на шампионите и како првопласиран ќе ја чека ждрепката во плејофот. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан