Белгискиот аеродром Шалроа ги обнови летовите по заканата со бомба
- „Околу авионот беше поставен безбедносен периметар, што наложи затворање на пистата и прекин на операциите“, соопшти аеродромот Шарлроа.
Брисел, 13 мај 2025 (МИА) – Повторно има полетувања и слетувања на вториот најголем белгиски аеродром Шарлоа откако денеска имаше дојава за бомба во авион што слета од Португалија, по што беа запрени сите операции на аеродромот, јави ДПА.
На летот на „Рајанер“ од Порто за Брисел беше вклучена тревога за бомба, а по проверките беше утврдено дека станува збор за лажна тревога.
„Околу авионот беше поставен безбедносен периметар, што наложи затворање на пистата и прекин на операциите“, соопшти аеродромот Шарлроа.
Властите ги евакуираа 166-те патници од авионот, јави агенцијата Белга.
Полицијата и обвинителството сè уште не ги коментираа случувањата на аеродромот, додаде германската агенција.
Дојдовните летови беа пренасочени кон други аеродроми во близина, вклучително и кон Брисел и францускиот град Лил.сд/
фото:МИА архива