• понеделник, 25 ноември 2024

Бела куќа: САД се подготвуваат за можни значителни напади на Блискиот Исток од страна на Иран

Бела куќа: САД се подготвуваат за можни значителни напади на Блискиот Исток од страна на Иран

Вашингтон, 12 август 2024 (МИА) - Соединетите Американски Држави се подготвуваат за значителни напади што би можеле да ги извршат иранските приврзаници на Блискиот Исток уште во текот на оваа недела, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.

Кирби им рече на новинарите дека во последните денови САД го зголемија бројот на силите во регионот.

Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по атентатот на лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран на 31 јули. Иран и Хамас го обвинија Израел за смртта на Ханија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан