• недела, 30 јуни 2024

Без струја утре дел од општина Ѓорче Петров

Без струја утре дел од општина Ѓорче Петров

Скопје, 21 јануари 2024 (МИА) - Без струја утре ќе биде дел од општина Ѓорче Петров, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

- Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре без електрична енергија во периодот од 9 до 10.30 часот, ќе останат корисниците од улицата „Ѓорче Петров“ број 146, се појаснува во соопштението на РЦУК - Скопје. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан