• недела, 30 јуни 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

30 јуни 2024

Скопје - Вонредни внатрепартиски избори во СДСМ. 

- Изјава на кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски, по гласањето на
избирачкото место во општина Карпош. (МО на СДСМ Тафталиџе, Лондонска 6, спроти Кам маркет/ 11:55)

Тетово - Претседателот на ДУИ Али Ахмети ќе свика седница на Генералниот совет на ДУИ, за актуелната политичка состојба во државата. (хотел НБ/ 14:00)

Скопје - Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН одбележува 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 години од прогонството на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и одржува годишно Собрание. (пред Споменикот на децата бегалци во Парк Жена-Борец/ 10:30, одржување на годишно Собрание во големата сала на Социјалистичката партија на Македонија до Градската болница „Свети Наум Охридски” во Скопје, на булевар „11-ти Октомври” број 17/ 11:30)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Тагови

Остани поврзан