• среда, 15 мај 2024

Без струја утре делови од општините Гази Баба и Арачиново

Без струја утре делови од општините Гази Баба и Арачиново

Скопје, 21 октомври 2023 (МИА) - Од 4:00 до 7:00 часот утре без струја ќе останат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу кванташки пазар и сите индустриски објекти на улица „Перо Наков“. 

Без струја во истиот период ќе бидат и дел од корисниците од населените места: Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан