• петок, 21 јуни 2024

Без струја корисниците од ул. „Македонија“ во Центар и делови од Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани

Без струја корисниците од ул. „Македонија“ во Центар и делови од Карпош, Ѓорче Петров и Студеничани

Скопје, 14 јуни 2024 (МИА) - Од 8 до 15 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Македонија“ - зградата на „Вардар технометал“, хотелот „Турист“, ЈП за државни патишта, зградата  ВМРО и околината во општина Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија а.д.

Од 9 до 15 часот електрична енергија ќе немаат и корисниците од селата Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров, од 9 до 10 часот -  корисниците од зграда на ул.„Соле Стојчев“ бр.5, спроти Гранап, во општина Карпош и од 7.30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од село Батинци во општина Студеничани. хс/мд/

Фото: МИА архива 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан