• вторник, 16 април 2024

Без вода улица „Бел Камен“ во Радишани и Кучевишка Бара

Без вода улица „Бел Камен“ во Радишани и Кучевишка Бара

Скопје, 2 март 2024 (МИА) - Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-250 мм на ул. „Бел Камен“ бб во населба Радишани, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица и населеното место Кучевишка Бара.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. дма/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан