• сабота, 11 мај 2024

Без вода дел од општините Гази Баба и Кисела Вода

Без вода дел од општините Гази Баба и Кисела Вода

Скопје, 13 март 2024 (МИА) - Без вода денеска од 10:15 часот се дел од корисниците од улицата „Лазар Поп Трајков“ без број. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект во шахта на улицата „Лазар Поп Трајков“ без број.

Поради дефект на приклучна цевка на улица „Жегљане“ 31а, без вода денеска од 10:10 часот се дел од корисниците од оваа улица. 

Без вода денеска од 10:25 часот се дел од жителите од улицата „Востаничка 49“ во општина Кисела Вода. Прекинот е поради дефект на приклучна цевка на истата улица.

Водоснабдувањето на сите три локации ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектите. мд/са/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан