Без вода дел од општина Ѓорче Петров
- Без вода денеска од 10:20 часот се дел од корисниците од улиците „Кадињача“, „4 Јули“, „Гостиварска“, „Мијачка“ и дел од „Црногорска“.
Скопје, 22 август 2025 (МИА) - Без вода денеска од 10:20 часот се дел од корисниците од улиците „Кадињача“, „4 Јули“, „Гостиварска“, „Мијачка“ и дел од „Црногорска“.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради дефект ф-80 милиметри на улица „Кадињача“ 11. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. мд/са/
Фото: МИА архива