Без вода дел од корисниците од Долно Лисиче, од улицата „Славејко Арсов“ и висока зона Пржино
- Поради дефект на приклучна цевка од ф3/4“ (цол) на ул. „5“ бр.5 Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Долно Лисиче ул.„1“, „2“, „3“, „4“, „5“, „6“ и „7“ и дел од ул „Тодор Чангов“.
Скопје, 21 мај 2025 (МИА) - Поради дефект на приклучна цевка од ф3/4“ (цол) на ул. „5“ бр.5 Долно Лисиче, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Долно Лисиче ул.„1“, „2“, „3“, „4“, „5“, „6“ и „7“ и дел од ул „Тодор Чангов“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот до санирање на дефектот.
Поради дефект на огрлица од Ф200мм на ул. „Банско“ бр.16А (нас.Пржино), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Славејко Арсов“ и висока зона Пржино. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до санирање на дефектот. сст/цр/
Фото МИА архива