Без вода дел од корисниците на улицата „Коце Металец“
- ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека вечерва од 21 часот без вода се дел од корисниците на улицаа „Коце Металец“ зграда број 1В, 1Д и бр.3.

Скопје, 14 април 2024 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека вечерва од 21 часот без вода се дел од корисниците на улицата „Коце Металец“ зграда број 1В, 1Д и бр.3.
Причина за прекинот е дефект на водоводната цевка Ф100 мм кој настана по рушење на потпорен ѕид.
Поради непристапност до дефектот, санирањето ќе биде утре во 08:00 часот. мч/мд/
фото: МИА архива