Без вода дел од корисниците во населба Дексион
- Корисниците од населба Дексион, дел од ул. „Борис Сарафов“ и корисниците од висока зона на таа улица, од 9 часот ќе немаат вода.

Скопје, 16 мај 2024 (МИА) - Корисниците од населба Дексион, дел од ул. „Борис Сарафов“ и корисниците од висока зона на таа улица, од 9 часот ќе немаат вода.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради промена на регулатор за притисок на ул. 20 Сарај бб и ќе трае до завршување на интервенцијата.
Фото: МИА архива