Национален франкофонски настан во Куманово
- На франкофонскиот настан учествуваа 120 млади франкофони од 19 училишта од девет градови во Македонија
Куманово, 26 март 2026 (МИА) - Национален франкофонски настан се одржа денеска во Занаетчискиот дом во Куманово информираа од општината. Настанот има за цел да ја промовира франкофонијата, културната размена и изучувањето на францускиот јазик меѓу младите.

На франкофонскиот настан учествуваа 120 млади франкофони од 19 училишта од девет градови во Македонија, меѓу кои и ученици од основни и средни училишта во Куманово, истакнувајќи ги своите јазични вештини на француски јазик, преку музички точки, поезија и театарска изведба.

-Во рамките на проектот „Франкофонијата ја истражува Северна Македонија 2026“, Фондацијата „Бел Идеал“ од Париз – Франција одржа национален франкофонски настан во Занаетчискиот дом. На настанот присуствуваа амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер, аташе за изучување и развој на француски јазик Љупка Димова, советник по француски јазик во Бирото за развој на образование на Македонија Кети Димковска, претседател на Здружение на професори по француски јазик на Македонија Марија Варсамис Симоновска, градоначалник на Старо Нагоричане Мирослав Славковски, претседател на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, претставници на општинска администрација и на основни и средни училишта-наведуваат од општината. ам/ев/
Фото Општина Куманово