• четврток, 16 април 2026

Средба Мемов - Гигинеишвили за одржливоста на пензискиот систем и политиките за подобрување и усогласување на пензиите

Средба Мемов - Гигинеишвили за одржливоста на пензискиот систем и политиките за подобрување и усогласување на пензиите

Скопје, 26 март 2026 (МИА) - Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Ник Гигинеишвили, шеф на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава.

Како што соопштија од Фондот на ПИОМ, на средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усогласување на пензиите.

Директорот Мемов нагласи дека во Фондот, по воспоставувањето на Одделението за долгорочно планирање, се прават анализи и се согледува севкупната состојба. Едновремено, тој информираше дека во тек е и подготовка на проекции и предлози за подобрување на финансиската солвентност на Фондот и одржливоста на пензискиот систем.

Шефот на Мисијата на ММФ, Гигинеишвили рече дека тие се фокусирани на макроекономската и монетарната состојба и проекции, и ја гледаат широката слика, во која дел е и пензискиот систем. Проценките говорат оти е неопходно да се преземат активности што поскоро за консолидирање на пензискиот систем, имајќи ги во предвид сите предизвици и тоа е пораката што ќе ја пренесат до Владата во текот на оваа посета, се наведува во соопштението.

Мемов и шефот на Мисијата на ММФ, Гигинеишвили се согласија дека во наредниот период е потребна сериозна координирана активност на сите чинители, вклучувајќи ја и Светска банка, за да се направат сите потребни чекори во обезбедувањето на финансиски стабилен Фонд и на долг рок одржлив пензиски систем. ев/

ФОТО: ФОНД ПИОМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан