Без вода дел од Карпош
- Без вода денеска од 12:45 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во населба Карпош.

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) - Без вода денеска од 12:45 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во населба Карпош.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од Ф-80мм на улица „Ванчо Мицков“ 21.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. цр/дма/
Фото:МИА архива