Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
- Како што соопшти МВР, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.Ф. во село Кондово, при што е пронајдено пиштол „застава” калибар 7.65 со една рамка со нн калибар куршуми.

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишиле од слобода триесет и петгодишниот Б.Ф. од скопското село Кондово.
Како што соопшти МВР, по претходно обезбедена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.Ф. во село Кондово, при што е пронајдено пиштол „застава” калибар 7.65 со една рамка со нн калибар куршуми.
Против Б.Ф. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од и чл. 144 од Кривичниот законик по итна постапка. дма/
Фото: МВР