• среда, 26 јуни 2024

Бајден ќе им понуди државјанство на илегалните имигранти доколку се во брак со Американци

Бајден ќе им понуди државјанство на илегалните имигранти доколку се во брак со Американци

Вашингтон, 18 јуни 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска понуди пат до државјанство на стотици илјади илегални имигранти кои се венчани за американски државјани, што е сосема спротивно од плановите на неговиот републикански ривал Доналд Трамп, кој ветува масовни депортации.

Програмата ќе биде наменета за речиси 500.000 сопружници на американски државјани кои живеат во САД најмалку 10 години на ден 17 јуни, соопшти денеска Министерството за татковинска безбедност.

Право на државјанство ќе имаат и речиси 50.000 деца под 21 година кои имаат родител кој има американско државјанство. „Тоа ќе го промовира семејното единство и ќе ја зајакне нашата економија“, соопшти Белата куќа.

Спротивно на плановите на Трамп, Мексиканците ќе бидат најголеми корисници
Бајден, демократ кој бара реизбор во ноември, ја презеде функцијата ветувајќи дека ќе повлече многу од рестриктивните имиграциски политики воведени од неговиот претходник Трамп, кој исто така бара враќање во Белата куќа. Но, соочен со рекорден број мигранти уапсени на границата со Мексико, Бајден го заостри својот пристап во последните месеци. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан