• четврток, 04 декември 2025

Фидан: Потребата од зајакнување на механизмите за регионален дијалог е поголема од кога било

Фидан: Потребата од зајакнување на механизмите за регионален дијалог е поголема од кога било

Истанбул, 26 јули 2025 (МИА) – Министерот за надворешни работи Хакан Фидан денеска по првиот состанок одржан во рамките на „Балканската мировна платформа“ изјави дека се дискутирало за решенија за регионалните проблеми и додаде дека потребата од зајакнување на механизмите за регионален дијалог е поголема од кога било.

„Нашата соработка со земјите во регионот напредува на повеќе начини. „Балканската мировна платформа“ е резултат на нашиот инклузивен пристап“, рече Фидан на прес-конференција во Истанбул по првиот состанок на платформата, кој тој го иницираше.

Како што изјави, покрај политичките случувања во регионот, на денешниот состанок,  се разменети идеи и за бројни теми, вклучително и за енергетската безбедност.

„Потребата од зајакнување на механизмите за регионален дијалог е поголема од кога било. Мора да учиме од нашата заедничка историја и да преземеме одговорност за обликување на иднината. Стабилноста може да се гради само заедно“, рече Фидан.

Турскиот министер за надворешни работи, исто така, рече дека земјите од Западен Балкан имаат заедничка позиција за време на процесот на пристапување во ЕУ.

„Беше постигнат договор за покоординирана работа по прашањето на ЕУ. Сето ова беше детално дискутирано. Историски и културно, овие земји се продолжение една на друга. Затоа, заедничкото дејствување е клучно. Се согласивме како можеме да ја трансформираме трговијата и соработката во одбранбената индустрија“, рече Фидан.

Тој додаде дека одлучиле повторно да се среќаваат на секои шест месеци.зш/ 
фото ЕПА

Остани поврзан