• понеделник, 29 април 2024

Бајден: Кина има реални проблеми, треба да ги промениме односите на подобро

Бајден: Кина има реални проблеми, треба да ги промениме односите на подобро

Вашингтон, 15 ноември 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Кина има „реални проблеми“, неколку часа пред средбата со неговиот кинески колега Си Џинпинг на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Сан Франциско, чија цел е обнова на кинеско-американските односи.

Бајден претходно изрази надеж дека разговорите ќе помогнат да се подобрат нестабилните односи меѓу САД и Кина, кои беа обележани со остри разлики во текот на изминатата година.

Двајцата лидери пристигнаа во градот, каде што ги пречекаа стотици демонстранти веејќи знамиња на Кина, Тајван и Тибет, како и плакати за поддршка и против кинескиот лидер.

Пред да замине од Вашингтон за Сан Франциско, Бајден рече дека негова заедничка цел е Вашингтон и Пекинг да ја подобрат меѓусебната комуникација и покрај несогласувањата за голем број прашања. „Да можеме ... да разговараме меѓу себе ако има криза. Да можеме да се увериме дека воените сили продолжуваат да имаат контакти ...она што се обидуваме да го направиме е да ги промениме односите на подобро“, рече Бајден. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан