• среда, 26 јуни 2024

Бала-Фесер: Одлична соработката на албанската и германската полиција

Бала-Фесер: Одлична соработката на албанската и германската полиција

Тирана, 18 јуни 2024 (МИА) - Министерот за внатрешни работи на Албанија, Таулиант Бала, во Берлин разговараше со својата германска колешка Ненси Фесер.

Бала и Фезер ја истакнаа одличната соработка меѓу полициите на Албанија и Германија во нивната борба против организираниот криминал, кибер криминалот и илегалната миграција во нивните заеднички операции и нивната соработка во Интерпол, Европол и други организации.

Бала ја изрази својата благодарност до германската влада и федералната полиција за поддршката што ја дадоа на албанската криминалистичка полиција и Одделот за неутрализација на вооружени елементи (РЕНЕА).

Двајцата министри разговараа и за учеството на албанската полиција заедно со нивните германски колеги во обезбедувањето безбедност за време на Евро 2024, чиј домаќин е Германија.
Фото: ФБ Бала

Остани поврзан