• понеделник, 13 мај 2024

Баерн го искористи киксот на Борусија и ја освои шампионската титула во Бундеслигата

Баерн го искористи киксот на Борусија и ја освои шампионската титула во Бундеслигата

Келн, 27 мај 2023 (МИА) - Баерн Минхен по 11-ти пат во низа стана шампион во германската Бундеслигата. Ова е епилогот по завршувањето на последното коло оваа сезона.

 

Борусија Дортмунд попладнево одигра нерешено 2:2 со Мајнц на домашен терен во натпреварот од 34. коло, додека Баерн со гол во 89.минута славеше победа со 2:1 на гостувањето кај Келн.

 

На Борусија за да дојде до трофејот и требаше победа, или Баерн да не освои три бода, но тоа не се случи и една од најнеизвесните сезони во Бундеслигата заврши со среќен крај за Баварците.

 

Баерн стана шампион на Германија со 71 бод на 34 натпревари. Борусија Дортмунд е на второто место со исто толку бодови и послаба гол-разлика. 

 

Од лигата испаѓаат Шалке и Херта. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан