• четврток, 18 април 2024

Атлетик Билбао против Мајорка во финалето на шпанскиот Куп

Атлетик Билбао против Мајорка во финалето на шпанскиот Куп

 

Билбао, 1 март 2024 (МИА) – Фудбалерите на Атлетик Билбао се пласираа во финалето на шпанскиот Куп на Кралот, откако синоќа во реваншот пред своите гледачи го совладаа Атлетико Мадрид со 3-0.

Баскискиот тим и во првиот натпревар во Мадрид славеше со 1-0 и во финалето на 6 април во Севиља ќе игра против Мајорка, која претходно беше поуспешна во полуфиналето од Реал Сосиедад.

Стрелци на головите за Атлетик беа Инаки Вилијамс (13 минута), неговиот помлад брат Нико Вилијамс (42) и Горка Гурузета (61).

Атлетик Билбао во својата колекција има 23 куп трофеи, но последниот во далечната 1984 година, додека Мајорка триумфираше во 2003 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан