• сабота, 21 декември 2024

Атанасовски: Напредува изградбата на пешачкиот мост на Каменичка Река

Атанасовски: Напредува изградбата на пешачкиот мост на Каменичка Река

Македонска Каменица, 7 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска изврши увид во работите од изградбата на нов пешачки мост на Каменичка Река. Мостот, како што информираше Атанасовски, ќе има автентичен изглед, со што ќе биде украс на градот. 

-По завршувањето на бетонските работи, следува поставувањето на типски украсен камен, со што мостот ќе добие елегантен автентичен изглед и ќе биде вистински украс на градот. Ќе има идентичен изглед со постоечкиот мост пред градската црква „Успение на Пресвета Богородица" и ќе претставува нов естетски елемент кој ќе го збогати урбаниот амбиент во овој дел од нашиот град, истакна Атанасовски.

Исто така, ќе овозможи безбедна и лесна поврзаност на граѓаните од двете страни од градскиот кеј на Каменичка Река.

-Целта е олеснет пристап на граѓаните до новоизградениот спортски комплекс и на жителите од Долно маало до централното градско подрачје, додаде Атанасовски 

Вкупната вредност на Договорот за изградба на пешачки мост на Каменичка река во Македонска Каменица изнесува 2.117.946,6 со вклучен ДДВ. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица 

Остани поврзан