• вторник, 14 мај 2024

Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин само со еден возач

Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин само со еден возач

Берлин, 21 февруари 2023 (МИА) – Формула 1 тимот на Астон Мартин може да спроведе претсезонски тестови во Бахреин со еден возач, објави „Билд“.

Ленс Строл се повреди додека возеше велосипед и ќе го пропушти тестирањето. Трките ќе се водат од 23 до 25 февруари во Бахреин.

Сосема веројатна е опцијата во која новајлијата на тимот Фернандо Алонсо сам ќе ги помине сите три тест дена.

Алтернатива е да учествува на тестовите Фелипе Друговиќ, резервниот пилот на тимот. Поканувањето на друг резервист, Стофел Вандорн, е проблематично бидејќи тестирањето се преклопува со Формула Е во Кејп Таун (24 и 25 февруари) зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан