• четврток, 04 декември 2025

Артета: Водство од 1:0 против Брентфорд никогаш не гарантира победа

Артета: Водство од 1:0 против Брентфорд никогаш не гарантира победа

Лондон, 4 декември 2025 (МИА) - Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше триумфот од 2:0 над Брентфорд синоќа во 14. коло од англиската Премиер лига.

- Многу сум задоволен од играта, победата и чистиот гол. Се соочивме со многу силен тим. На Брентфорд не му треба многу за да постигне гол - едно нафрлување од прекин. Тие се добри во креирање на такви шанси. Водство од 1:0 против нив никогаш не е доволно. Секогаш знаете дека ќе бидете тестирани во одреден момент. Сепак, мислам дека доминиравме во играта и ги создадовме најопасните шанси, но додека не постигнете гол, мечот не е завршен, изјави Артета по натпреварот.

Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 33 бода. Брентфорд е 12-ти со 19 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан